Наставничка плата во Македонија 352 евра, во Албанија повисока – 508 евра, највисока во Косово

Политичкиот аналитичар и коментатор Арсим Зеколи, кој е поранешен дипломат на совјот твитер профил објави негови сознанија за платите на просветните работници во регионот:

Учителски плати во регион (позајмено од Р.И) :

Македонија
– основно: 21.660мкд (352€);
– средно: 22.500 мкд (365€);

Kосово
– Основно: 549€;
– Средно: 585€

Албанија
– основно 57.765lek (472€) до 62.027lek (507€)
– средно: 62.141lek (508€).

Молам за потврда / демант.