Семејството бара одговори: Mарјан пред само 20 мин испратил порака дека е ОК, а потоа се случила трагедија

На сопругата и испратил порака дека се’ е ОК, а за 20 минути бил мртов. Сега семејството сака да знае зошто и што му се случило.

Марjан Џокиќ (39) од Крагуевац настрадал во неделата, на 25 август, на патот Подгорица-Колашин, на местото викано Биоче.

Според првите неофицијални информации, на него налетал друг автомобил, поради што овој моторџија ја изгубил контролата и слетал од патот. Неговото семејство моли да се јават сведоците на оваа несреќа за да ја дознаат вистината за трагичниот губиток на својот сопруг и татко.

Марјан тоа утро се враќал од море, каде бил на одмор со своето семејство, а на уште неколку денови ги оставил жената и децата.

-Тој мораше да се врати во недела, бидејќи мораше да тргне на работа, а децата и јас останавме до петок. Околу 8:50 ми ја испрати последната порака, дека направил пауза и дека наскоро оди понатаму. Околу 9:10 веќе бил мртов – со воздишки раскажува неговата сопруга Ивана.

Според првите информации, автомобилот и моторот се судриле под непознати околности, при што марјан изгубил контрола врз моторот и слетал во кањонот. Тој погинал на лице место, а на неговото семејство од тој момент им се промени животот од корен, како што известуваат од Телеграф.

И покрај целата болка, Ивана, одеднаш самохрана мајка, одлучна е да дознае што се случило со нејзиниот маж и како дошло до кобната несреќа.

Мојот сопруг никогаш не дивееше со моторот. Беше одговорен, ме возеше и мене, а и децата. Сепак, никогаш не можете да бидете 100% сигурни. Тогаш ги видов коментарите на вестите каде се јавуваа сведоците на настанот и го бранеа.

Тие велат дека виделе се’ и дека Марјан не бил виновен, дека автомобилот преминал во негова линија, дека го бутнал…- вели таа.

И во извештајот пишува дека се’ се случувало на десната половина од улицата, од страната на Марјан.

-Ги молам сите луѓе кои биле сведоци на настанот, кои виделе што се случило, да ми се јават. Знам дека ништо нема да го врати мојот маж, но поради него и неговите деца, морам да ја дознаам вистината – вели таа.

Сите сведоци кои сакаат да му помогнат на семејството Џокиќ за да ја дознае вистината за својот сопруг и татко, можат да им пишат на мејлот moja0adresa@gmail.com