Драматично спасување во последен момент: Сакаше да се саmоубие, но тогаш пристигна овој херој

„И двајцата се вистински локални херои, не само поради ова спасување, туку и затоа што секојдневно го ризикуваат својот живот поради безбедноста на другите“.

Полицаец стана локален херој откако спаси дечко кој сакал да скокне од мост и да си го одземе животот. Тој во последен момент успеа да го фати за нога и да му го спаси животот.

Камерата на униформата го сними полицаецот Брајан Рег како скока преку оградата на мостот во Тенеси, кога дечкото тргна да скокне. Полицаецот покажа врвни рефлекси, го фати дечкото за ногата и го повлече назад со што го спаси неговиот живот.