Кирацовски за „Рекет“ на распит пред Вилма

На влегување во Обвинителството, Кирацовски рече дека е повикан како сведок и оти по распитот ќе даде изјава за медиумите.

Исказ за „Рекет” во Обвинителството, вчера даде пратеничката Фросина Ременски, а претходно неделава и водителката Лила Филиповска и бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски.

Во врска со „Рекет” осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.