Мутант во Косово: Се роди бебе со двa пoлa, тежи caмо 995 грама

Бебе со два пола е родено на Гинеколошко-акушерското оделение во болница во Приштина. Новороденчето е предвремено родено во понеделникот и тежи 995 грама, изјавија лекарите, а пренесуваат приштинските медиуми.

Бебето после раѓањето е префрлено на Оделението за неонатологија, каде е подложено на неопходни лекарски прегледи со оглед на тоа дека, како што се наведува, ваквите појави во Приштина досега не се забележани.

Меѓутоа, директорот на Неонатологија, Џевдет Гојновци, вели дека случаи на двополни бебења се лекуваат на таа клиника и дека ова е второ бебе родено со вакви генетски пореметувања.

Според неговите кажувања, станува збор за случаи кои во медицината се третира како синдром на хиперплазија на надбубрежната жлезда.

Бебето се роди прерано. Примено е на интензивна нега на Клиниката на неонатологија. Се лекува како синдром на вродена хиперплазија на надбубрежната жлезда. Во тек се анализи и консултации со разни специјалисти на клиниката. Овој случај е втор оваа година кој има симптоми на промена на гениталиите, што веројатно е последица на хормонски промени кои овој бубрег ги предизвикува, изјави Гојновци, а пренесува приштинскиот портал „Газета експрес“.
Доколку оваа дијагноза се потврди таа е излечива, тврди докторот Гојновци.