ЦИРКУС ДРЖАВА: ПРИВЕДЕНИ МАЈСТОРИ КОИ РАБОТЕЛЕ НА ДИВОГРАДБА ВО ОХРИД

Охридската полиција привела мајстори и градежни работници кои работеле на дивоградба на улица Марко Нестороски. Работниците биле пренесени со полициско комбе и во моментов се во полиција, пренесе „Охрид 1“.

 

Приведувањето доаѓа откако локалниот инпекторат се обидел да ја стопира градбата, но изведувачот си продолжувал со започнатото.

Советот на општина Охрид неодамна ја усвои одлуката за времен прекин на донесување и спроведување на урбанистички планови, со што се воведува мораториум за градба во оваа општина. Воедно, советниците одлучија времено да се прекинат и постапките за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти во Охрид, а го усвоија и Извештајот и Акцискиот план на владата во кој се опфатени сите чекори, постапки и активности кои ќе бидат преземени во наредниот период за исполнување на препораките на УНЕСКО што произлегоа по завршувањето на 43 – тата сесија на Комитетот на светско наследство на УНЕСКО.